Денеска пред пратениците се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и за неговиот заменик Астрит Исени. Сите интерпелации против владините функционери се поднесени од Европскиот фронт, предводен од ДУИ и тоа по апсењата за инцидентите при одбележувањето на Денот на албанското знаме. Интерпелацијата, пак, за пратеничката ...

Во Собранието, во рамки на 29-тата седница, попладнево почна расправата по првата точка од дневниот ред – интерпелација за работата на Илире Даути – пратеничка на Алијанса за Албанците од коалицијата „Европски фронт“, претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Интерпелацијата во ноември до Парламентот ја поднесоа шесте пратеници на Левица, а денеска ја образложи пратеникот Сашко Јанчев. Рече дека Илире ...