Шест закони во судството и обвинителството повторно се актуелизират во јавноста под етикета неопходни „реформи“ што мора поскоро да се завршат. Премиерот Мицкоски – дециден, вели дека суштината на тие предлози не е подобра правда, туку зголемување на платите во правосудниот систем. Тој ги потсети граѓаните дека следната година државата мора да врати повеќе од две милијарди евра долгови, што дополнително го притиска буџетот од 6,5 милијарди евра ...
Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0,2, 0,3 или 0,4 проценти. „Анализираме неколку модели од Европа колкав е тој процент од Буџетот и дали се однесува на приходната страна, на вкупните приходи или на БДП. Но, ...

