Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) постави пречка за повисок енергетски ценовен удар на граѓаните Од први јули до крајот на годината македонските граѓани испорачаната струја ќе ја добиваат со пониски цени, но со повисок пресметан ДДВ, така што сепак, засега, ќе биде избегнат „ценовен шок“ при плаќање на сметките на граѓаните за електрична енергија. Новитет е исто така дека од први декември ќе биде воведена евтина дневна тарифа за струја. ...
Регулаторната комисија за енергетика засега успешно се справува со големите очекувања и испорачани барања на енергетските компании за повисока цена, кои, според нивните предложени пресметки за „трошоците“, побарале нереално високи стапки за зголемување на надоместот за пренос и за дистрибуција. Доколку беа прифатени барањата на компаниите, зголемувањето на цената на електричната енергија ќе требаше да изнесува до 20 отсто, што ќе претставуваше ...