Младиот битолчанец Лука Дамчевски го фати светиот крст за Водици во храмот Св Димитриј во Битола. Лука е средношколец и има само 15 години, ова е првпат да учествува на оваа црковна церемонија на фаќање на светиот крст. На младите верници им порача да се обидат и тие до следната година да бидат дел од традицијата за Водици. Преку 25 верници од Битола скокнаа по светиот крст во базенот во дворот на храмот Св Димитриј каде со светата литургија ...

Љубе Шопов денеска го фати крстот во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Шопов беше најбрз меѓу 20-те граѓани кои скокнаа во водата. – Повеќе пати досега скокав по крстот, но годинава успеав да го фатам. Голема е радоста. Им посакувам здравје и среќа на сите, рече Шопов. Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите. Празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија со свечена ...