Јордан Витанов е роден во Велес на 13 јануари 1958 година. Тој е истакнат македонски театарски и филмски глумец и режисер. Живее и работи во Велес. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 година е член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, каде во два мандата (1999-2002 и од 2006-2017) е и директор на истиот. Покрај во театарот, остварил улоги и во ...

Здравко Стојмиров е роден на 16 јануари 1987 година во Битола. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Завршил актерство во 2008 година на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, Бугарија. Оттогаш учествува во многу театарски претстави. Филмографија: 2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија 2014 Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија 2014 Среќна Нова 1903 ТВ-филм 2016-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија 2017 Инсајдер ...

Јордан Даниловски е роден во Дебар на 15 јануари 1957 година. Тој е истакнат македонски поет, критичар, есеист и романописец. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како заменик директор во Македонската телевизија. Член на ДПМ од 1986 година. Исто така е еден од покренувачите на „Стожер“ и на книжевната манифестација „Празник на липите“. Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ и „Ацо Шопов“. Објавени книги: Голтач на пламен (1982) ...

Валентино Скендеровски е роден на 14 јануари 1968 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје, а во 2008 година ги завршува и студиите на Високата Школа за Аудиовизуелна Реализација ЕСРА во Франција со што се стекнува со звање дипломиран инженер на звук. Во 2011 година ги завршува после дипломските студии на УКИМ Институт за македонска литература, каде се стекнува со звање магистер по културологија. Својата кариера ја ...