Испливаа имиња на нови жртви на незаконското прислушување од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) кое, како што откри самата Агенција, се вршело во периодот од 2019 до 2024 година кога директор бил Виктор Димовски. За бизнисменот Орце Камчев бил отворен предмет со лажна белешка од вработен од Агенцијата за национална безнедност (АНБ) за наводни негови средби со претставници на бугарските разузнавачки служби. За ова Камчев беше и ...
Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува итна декласификација на целата документација за случајот со незаконското прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. – Постои постапка согласно која АНБ може да ги обелодени сите информации и сите документи. Вистината мора да биде целосно достапна на јавноста и мора низ една транспарентна, законска постапка да се ...