„Се намалува инфлацијата, економијата расте и во време на криза, СДСМ го штити стандардот на граѓаните“, се пофали пратеничката Лидија Тасевска. Да не знае човек дали да (ѝ) се смее или да плаче. Меѓународниот монетарен фонд во својата најнова проценка на состојбата во македонската економија прогнозира дека Македонија годинава ќе ја заврши со инфлација од 10 проценти, речиси двојно повеќе од предвидените 5,6 отсто од владејачката партија, која ...
„Нашите момчиња ја прават горда целата нација. Скромни, вредни, посветени, патриоти и професионалци во својата работа“, напиша на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби по победата на Албанија над Чешка од 3:0 во квалификациите за Европското првенство во фудбал. „Нашите, Албанците, Јасир Асааааани!“, ќе вресне во друга објава на социјалната мрежа заменик-претседателот на Владата за политички систем и односи меѓу заедниците за стрелецот на првиот гол ...