ИСТАНБУЛ (АА) - Сите страни во Сирија се согласија да го паузираат насилството почнувајќи денес од 17 часот по локално време, објави специјалниот претставник на САД за Сирија, известува Анадолу. „Сите страни се движат кон пауза и прекин на непријателствата“, напиша Том Барак на X. Специјалниот претставник на САД рече дека ограничувањето на ескалацијата на непријателствата бара договор за паузирање на насилството, заштита на цивилите, ...
По интензивните борби во јужна Сирија, вклучувајќи ја и директната израелска воена интервенција, САД потврдија дека Израел и Сирија постигнале договор за прекин на огнот, пишува „Тајмс оф Израел“. Американскиот амбасадор во Анкара и специјален пратеник на САД за Сирија, Том Барак, изјави дека договорот е поддржан и од соседните земји – Турција, Јордан и други регионални сили. Тој ги повика сите страни во конфликтот да ги прекинат ...