Јасмина Василева е родена на 7 февруари 1981 година во Битола. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (2003). Магистрира на културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје (2016). Игра многубројни театарски улоги како на сцените на државните театри низ Македонија, така и на независната сцена и во меѓународни проекти. Редовна членка на ансамблот на НУ Кумановски театар (2003-2019), а од јули, ...

Златко Ѓелески е роден на 9 февруари 1986 година во Битола.З авршил основно и средно училиште во Кичево, а дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година. Од 2011 година, Ѓелески е водител на филмската радио-емисија „Danse Macabre“ на „Канал 103“, а од 2020 година ја води специјализираната емисија за ТВ-серии „ТВ 103“. Освен тоа, тој е организатор на ревијата на хорор-филмови ...

Тони Грнчаров е роден на 8 февруари 1980 во Скопје. Тој е поранешен македонски кошаркар и репрезентативец. Тој играл на позицијата бек и целата своја кариера како играч ја одиграл во Првата македонска кошаркарска лига. Брат му е на поранешниот фудбалер Бобан Грнчаров. За сезоната 2008/09, Грнчаров потпишал за Фершпед Работнички. Грнчаров со Работнички станал првак во Првата лига во таа сезона. Во јануари 2013 година, за време на паузата од ...