Ужасно прво полувреме за Шкендија во Баку, во реваншот од 3.квалификациско коло во ЛШ. Карабах – Шкендија 4:1, а можеше да биде барем 6:1, 7:1 за домашниот состав. Тетовци едноставно делуваат како загубени во Баку, а се беше идеално во 10.минута кога Тамба по одличната асистенција на Ибраими донесе водство од 0:1 за шок за домашните фанови на “Тофик Бахрамов“ стадионот. Но во 16.минута Цаке си даде автогол за 1:1 и од тогаш и тоа каков пресврт. ...
Шкендија вечерва во Баку едноставно беше резултатски и играчки разбиена. Карабах се покажа како далеку поквалитетен тим од македонскиот шампион и со вкупни 6:1 се пласира во плеј – офот во Лигата на Шампионите и повеќе од заслужено. Се разбира дека по мечот на стратегот на Шкендија, Јетон Беќири му беше тешко за да одговара на новинарските прашања: “Прво, би сакал да им честитам на Карабах и на неговите навивачи. Карабах заслужи да победи, ...
Карабах – Шкендија 5:1 е исходот од вечерашниот реванш меч од 3.квалификациско коло во ЛШ, одигран во Баку. Па така со вкупни 6:1, нашиот шампион е елиминиран од ЛШ и ќе игра во плеј-офот во Лигата на Европа. Кога во 10.минута Тамба постигна гол за водство на Шкендија од 0:1, се чинеше дека повторно е можна сензација, ако се знае дека во Скопје беше 0:1 за Карабах. Но откако Цаке си постигна автогол за 1:1 во 16.минута, се тргна наопаку за ...