За три дена започнува новата сезона во шпанската Ла Лига и тоа со дуелите меѓу Џирона-Рајо Валјекано (19:00) и Вилјареал-Реал Овидо (21:30 часот). Со овие два дуели ќе се најави новата кампања во која одново во прв план треба да бидат три клуба актуелниот првак Барселона, нивниот најголем ривал Реал Мадрид, но и Атлетико Мадрид кој имаше уште едно ново активно лето на пазарот, донесе квалитетни и проверени засилувања и дефинитивно има моќ, сила ...

Во петок започнува новата кампања во Премиер лигата и тоа со дуелот меѓу актуелниот првак Ливерпул и екипата која загуби многу значајни играчи, првотимци во овој преоден рок-Борнмут. Сите фанови со нетрпение ја очекуваат натпреварувачката 2025/2026, а како загревање дефинитивно ги имаме прогнозите на добро познататите имиња, асови кои настапувале во шампионатот и оставиле значајна улога. Последниот кој типуваше е Серхио Кун Агуеро кој верува ...