Утрово падна парче од барокната фасада на улица Македонија во центарот на Скопје. Кусо време откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека парчиња од фасадата висат и се опасност за минувачите, парче се одлепи и падна на плочникот. Во инцидентот никој не бил повреден. Од Град Скопје кој ги реновираше фасадите во рамките на проектот „Скопје 2014“ велат дека се ненадлежни за нивно одржување и дека станарите треба да ги санираат. „За реновираните фасади на ...

На улица „Македонија“ во центарот на главниот град падна дел од фасадата направена во рамките на проектот Скопје 2014та. Дел од фасадата падна на улица и над терасите на кафулињата, за среќа нема повредени. Сепак се уште постои опасност поради тоа што може да падне и другиот дел од фасадата. Од Град Скопје велат дека надлежни за одржување се самите станари. „За реновираните фасади на згради на ул. Македонија што го вршеше Град Скопје кога ...