Дали е на повидок нов скандал со нелегално прислушувањето. Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека лично тој, како и високи функционери, бизнисмени и новинари биле цел на злоупотреба на системот во изминатите неколку години. Биле следени и прислушувани во периодот кога бил претседател на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа не само од АНБ туку и од Агенцијата за разузнавање. „Нашата држава се соочува со нов скандал а тоа е нелегално прислушување ...
Јавното обвинителство да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите, порача Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. – ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките? Дали молчи затоа што знаел се? СДСМ ги ...

