Се уште се гаси пожарот на депонијата Мауцкер. На терен од претпладнево ангажирани се екипи на ЈП Охридски Комуналец кои интервенираат со механизација за затрупување на опожарените делови. Гори ѓубриштето и дел од кровната конструкција на старото стрелиште. На терен е излезено со две возила и шест пожарникари. По 13.45 часот е почнато гаснење со затрупување, дојдени се екипи на ЈП Охридски Комуналец и затоа се повлечени луѓето од пожарната, ...
Скопје/Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите во Република Македонија, изгаснат е пожарот на отворено во Општина Охрид, кај депонијата „Мауцкер“. На оваа локација веќе неколку дена гореше ѓубриште. Од ТППЕ Охрид денониве интервенираа со соодветен број возила и пожарникари. Пожар на оваа локација беше пријавен и неодамна, на 16-ти јули, при што исто така ...
Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид ноќеска повторно беа излезени на терен и гасеа пожар на депонијата Мауцкер. Пожарот се уште не е целосно изгаснат, а над депонијата се уште може да се забележи чад. На депонијата се интервенира во моментов каде на терен е едно возило со двајца пожарникари. Се носи земја со камиони и се покрива. Вклучени се и екипи на ЈП Охридски Комуналец. Синоќа во гаснење на пожарот беа вклучени две ...