Видео доказ на кое се гледа возило „рено кангу“ беше презентиран на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На снимката се гледа како возилото на 27.11 2023 година во 5:33 часот пристигнува пред седиштето на партијата Десна, се задржува накратко и продолжува кон Автокоманда, а оттаму кон населбата Аеродром. Возилото е забележано и кај хотелот „Русија“ и низ населбата Лисиче. Овој датум е особено важен бидејќи тој ден е ...

Обвинителството на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски презентираше неколку видеоснимки на кои се гледа возилото „рено кангу“, кое било дадено на користење на партијата Десна, а кое најчесто го возел првообвинеиот Љупчо Палевски – Палчо. Па, така на денот кога е грабната Вања возилото се забележува во Бутел, па Чаир и низ булеварот „Цветан Димов“ на Бит Пазар, кај ТЦ „Мавровка“, на мостот „Гоце Делчев’ во 6 часот и ...