Димитар Бербатов во својата фудбалска кариера имаше повеќе од успешна етапа во Премиер лигата, а претходно настапуваше и за Баер Леверкузен. Токму поради ова, интересен е неговиот коментар за формата на Флоријан Вирц, кој по трансферот од Баер во Ливерпул добива критики поради засега неубедливите игри во новиот клуб. Поранешниот бугарски репрезентативец смета дека на Германецот му е потребно време за да го потврди потенцијалот. – Многу ми се ...

Димитар Бербатов во подкастот на Рио Фердинанд воглавно говореше за проблематиките во нападот кои ги има Манчестер Јунајтед, но на неговото мени во разговорот се најде и фудбалер кој многу брзо почна да трпи сеир во Англија. Флоријан Вирц го чувствува притисокот од големиот трансфер вреден 125 милиони евра и брзо почна да добива непосакувани епитети на Островот, меѓутоа Бербатов е еден од оние кои сметаат дека медиумите и експертите многу брзо ...