Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија на европскиот пат, се изразува загриженост за проектот „Српски свет“, кој е опишан не само како кампања за економска доминација, туку и за промена на границите на Западен Балкан. Оваа кампања ги опфаќа Република Српска, Црна Гора, Косово и Северна Македонија, според нацрт-извештајот, чиј автор е известувачот Томас Вајц, австриски европратеник од редовите на Зелените, ...

Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми, како приоритетите на Данско претседавање со Советот на ЕУ, трговските преговори меѓу Унијата и САД и гласањето недоверба на Европската комисија, е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за земјава. Дебатата за извештајот на Вајц врз основа на извештаите на Европската комисија за 2023 и 2024 година за земјава е закажана за ...