Футсал репрезентацијата на Македонија го претрпе четвртиот пораз во петтиот натпревар во квалификациите за Европското првенство. Избраниците на Скендеровски уште еднаш останаа без погодок, а овојпат беа надиграни од Холандија со 3-0 во салата „Јане Сандански” во Скопје. Првиот дел не донесе промени на резултатот, но во второто полувреме „лалињата“ трипати не матираа преку Кемпс и Мартинус (2). До крајот на овој циклус ни останува уште еден меч, ...
Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз и на вториот пријателски натпревар со Србија што се одигра во Бор. Вчера нашата селекција загуби со 34:21, додека пак денеска бевме поефикасни во нападот и бевме надиграни со седум разлика (35:28). Ова беше дуел во кој имавме негатива од 19:15 по првите 30 минути, предност која домашните ракометарки во преостанатиот дел ја задржаа и надградија за потврда на триумфот. Најефикасни во македонската ...