Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени Целзиусови. Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а ...
Утрово времето е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде променливо облачно, наместа со услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени. Во Скопје, наутро студено со појава на слаба магла, преку ден претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 4 степени. Според прогнозата на УХМР, ...
Утрово на Попова Шапка е најстудено, -10 степени и има најмногу снег, 60 сантиметри. Како што информира УХМР, висината на снежната покривка е 53 сантиметри во Маврови Анови, 36 во Крушево, 28 во Битола, 25 во Дебар, 24 во Тетово, 21 во Штип, 20 во Демир Капија, 18 во Берово и Прилеп, 14 во Претор, 12 во Виница и Струмица, 8 во Охрид и 4 во Крива Паланка. До 08:30 часот се иземерени -7 степени во Маврови Анови и Крушево, -6 Берово, -3 Битола, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени. Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...