Одбојкарските репрезентации на Финска и Чешка ќе играат во финалето на Златната лига на ЦЕВ. Денеска во полуфиналните дуели на Ф4 турнирот во Брно, овие две селекции покажаа доминација во дуелите со своите ривали. Финска во првото полуфинале со максимални 3:0 ја совлада Грција, која ќе биде наш клучен противник во квалификациите за ЕП овој август, додека домаќинот на финалниот турнир, Чешка, со 3:0 беше подобра од селекцијата на Израел. ...
За првпат во својата историја, машката одбојкарска репрезентација на Финска е освојувач на Европската Златна лига на ЦЕВ. Во финалниот меч на завршниот турнир во Брно, вечерва Финците со 3:1 (24-26, 26-24, 25-15, 25-23) славеа против домаќинот Чешка и го направија најголемиот успех во ова натпреварување. Чешка почна одлично го доби првиот сет, но потоа како да застана. Финците имаа подготвено рецепт за злато и во следните три сета успеаја да го ...