Скопје, 3 февруари 2025 Јас, д-р Каролина Симоновска, именувана за в.д . директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје, под целосна материјална, морална и професионална одговорност, изјавувам дека не се согласувам и во ниеден случај не давам согласност моето име и презиме и професионалност да биде објавувано по медиуми. Особено во ниеден случај моето име и презиме и мојата професионалност да биде ...

„Jавното соопштение на в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска со кое забранува да се споменува нејзиното име, претставува форма на јавeн притисок насочен кон медиумите. Ваквите објави се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите“, реагира Здружението на новинари на Македонија. Ги потсетуваме сите носители на ...

Во изјавата на в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, д-р Каролина Симоновска во која таа забранува користење на нејзиното име и презиме во медиумите има многу елементи на закана кон новинарите и медиумите, сметаат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) осудувајќи ја ваквата нејзина постапка. Во реакцијата, од ССНМ ја потсетуваат директорката дека ...