Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение дека изнудувал 300.000 евра од Роберт Хот, на кого му се заканувал со ликвидација доколку не ја исплати бараната сума, дознава Плусинфо. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот Роберт Хот пријавил дека непознато лице со сериозни закани по неговиот живот бара огромна сума пари. ...

Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека е отворена истрага против државјанин на Русија со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради сомнение дека извршил кривично дело изнуда. Според обвинителството, осомничениот во периодот од јули 2024 до 9 октомври 2025 година, со сериозни закани по животот и телото на бизнисменот Роберт Хот, го присилувал да му исплати пари. „Осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист за ...