Битола, 7 март 2025 (МИА) - Македонско научно друштво (МНД)-Битола го одбележа меѓународниот ден на жената 8 Март со тркалезна маса на тема „Женски поетски хабитус“. На тркалезната маса со свои излагања настапија членови на МНД-Битола и членови на Друштвото на писателите на Македонија и секој од нив даде свое видување за книжевен текст напишан од жена авторка од Битола и Битолско, истакна проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на ...

Македонското научно друштво – Битола го одбележа Денот на жената со тркалезна маса на тема „Женски поетски хабитус“ која се одржа на 7 март 2025 година во 12 ч. во просториите на МНД. „Женски книжевен хабитус“ е замислен како проект – тркалезна маса на која седат значајни книжевници – и мажи и жени и дискутираат за книжевни дела напишани од жени. Целта на овој проект е да се поттикне и да се овозможи отворено да се зборува за книжевно дело ...