Средбата меѓу претставниците на Турција, САД и Украина, што се одржа во претседателската палата Долмабахче и траеше нешто повеќе од еден час, заврши во Истанбул, изјавија извори во турското Министерство за надворешни работи за агенцијата Анадолија. Во украинската делегација беа шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, министерот за одбрана Рустем Умеров и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха, објавија украинските медиуми. ...

Во Истанбул се одржаа трилатерални преговори меѓу делегациите на Украина, САД и Турција, објави Министерството за надворешни работи на Украина на Телеграм. Во украинската делегација се вклучени шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, министерот за одбрана, Рустем Умеров, и министерот за надворешни работи, Андриј Сибега, јавуваат украинските медиуми. Делегацијата на САД на трилатералниот состанок ја претставуваат државниот секретар ...