Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет. „Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во обиколка на улиците, заедно со хигиеничарите на Центар, затекна контејнери опкружени со купишта ѓубре. Од терен тој упати апел до Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ редовно да го собира отпадот и да ја преземе својата законска обврска. „Вака Комунална хигиена си ја завршува својата работа. Како изминативе години, така и денеска, и ова понеделничко утро, центарци се будат во ѓубре. ...