Шпанија ќе има три претставници во плејофот од Евролигата откако Басконија стигна до последниот билет за доигрувањето, во финалето од плејинот славејќи над Виртус Болоња со резултат 89-77. Откако пред неколку дена беа демолирани од Макаби, избраниците на Душко Ивановиќ овојпат беа на висина на задачата, успеаја да се одлепат резултатски во второто полувреме и да стигнат до триумф кој им го носи осмото место и четвртфинална серија со Реал Мадрид. ...

Кошаркарите на Басконија го грабнаа последниот билет за плејофот во Евролигата и тоа откако излегоа како победници од плејин битката со Виртус Болоња. Избраниците на Душко Ивановиќ ја искористија предноста на домашниот терен и го добија италијанскиот претставник со 89:77. Првиот дел мина во изедначена битка и на пауза се замина со резултат 41:41, но по одморот Басконија имаше шоу во третиот период кој го реализираше со 31:16 со што создаде ...