Хорхе Мартин стана нов шампион во категоријата Мото ГП, иако денеска неговиот ривал Пеко Бањаја славеше во трката за Големата награда на Барселона, но на крајот Шпанецот ја задржа доволната предност и стана шампион на својата кариера во кралската категорија за прв пат. Мартин во последната трка сезонава влезе со 19 поени предност пред Бањаја, а уште од самиот старт беше јасно колку внимателно вози Шпанецот и дека не сака да ризикува ништо ...
Франческо Пеко Бањаја успеа да слави на последната МОТО ГП трка за оваа година што се возеше во Барселона, но овој триумф не беше доволен за ново славје и титула во „кралската класа“. Имено ова за Пеко беше 11 сезонска победа што е мала утеха затоа што неговиот главен конкурент Хорхе Мартин дојде до резултат, третата позиција која му овозможи да стане нов светски шампион. Мартин заврши зад Марк Маркез, меѓутоа освен што тоа беше доволно за ...