Македонскиот амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и ексминистер за економија Дритон Куќи се врати во земјава. Обвинителството за него ќе бара определување мерки за претпазливост, бидејќи токму Куќи е последниот осомничен во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Проширената истрага опфати вкупно 19 лица од кои четворица се во ефективен, а шестмина во домашен притвор, додека за осум лица се определени мерки за ...

Вкупно шест од седум полициски службеници осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани, за кои денеска Обвинителство побара мерки за претпазливост се спроведени во Основниот кривичен суд Скопје. Од Кривичен потврдуваат дека тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој ќе треба да одлучи по барањето од Обвинителство за определување мерки на претпазливост. Обвинителството денеска отвори истражна ...