Струга, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јули 2024 година, во 21:15 часот во Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници од Полициска станица лишиле од слобода 34-годишно лице од Република Албанија, поради тоа што бил баран со распишана меѓународна потерница од Интерпол, Република Грција. – Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...

Струга, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јули 2024 година, во 00:15 часот, по наредба од Основниот суд во Струга, полициски службеници од ОВР Струга спровеле 62-годишно лице од Република Србија во Казнено-поправната установа Затвор-Скопје, за издржување екстрадиционен притвор. – Тој претходно, на граничниот премин „Ќафасан“, беше лишен од слобода врз основа на барање од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, информираат од СВР ...