Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 јуни. Денеска е Св. Сампсон Странопримец. Свети Сампсон по потекло беше римјанин, а по занимање лекар, од оние што црквата ги нарекува бесребреници, т.е. што лекуваат без земна плата и со Божјата сила, освен со помош на лекарската вештина. Тој подоцна од Рим се пресели во Цариград. А таму неговите добродетели набргу ги забележа патријархот, па го ракоположи за свештеник. Кога ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јуни Денеска е Собор на 12- те апостоли – Павловден. Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јуни. Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јуни. Денеска е Пренесување на моштите на св. бесребреници и чудотворци Кир и Јоан. Споменот на овие двајца светители се слави на 31 јануари (стар, јулијански календар). А во 412 година, свети Кирил Александриски ги пренесе нивните мошти од Канопос во Манутин, тогаш незнабожечки град. Откако ги смести нивните мошти во црквата што им беше ним посветена во градот се случија многу ...