Меџити нагласи дека Програмскиот пакет содржи намалување на емисијата на честички од домашни ложишта, намалување на емисијата на честички од јавни објекти, институт за квалитет на амбиентниот воздух, намалување на емисијата на честички од индустриските процеси, палење на недозволени гориви материјали, зеленило и шуми, намалување на емисии од транспорт, управување со емисиите. Потенцира дека во програмскиот пакет опфатени се главните области кои ...

Овие мерки денеска ги најави првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи на новинарски прашања во Липково, каде присуствуваше на акцијата на садење дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште. Проблемот не е отсега, но според Меџити, секојдневно се преземаат мерки за намалување на аерозагадувањето. Еден од нив, како што посочи, и денешниот настан за садење ...