Прилепска пиварница АД Прилеп ќе дели дивиденда за минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза. Станува збор за предлог-одлука која ќе се најде на дневен ред на престојното Собрание на акционери, а според истата се планира исплата на дивиденда од 1.111 денари бруто по акција. Последен датум на тргување со право на дивиденда e 10.06.2024 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница по третпат купи 100 сопствени акции Прилепска ...

Макпетрол АД Скопје ќе дели дивденда од 3.700 денари бруто по акција, соопшти компанијата преку Македонската берза. Станува збор за предлог-одлука која е на дневен ред на престојното Собрание на акционери на компанијата, а вкупната сума за оваа намена е 374.232.800 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 14.6.2024 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ „Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година ...

Макпетрол АД Скопје, македонскиот гигант за промет со нафта и нафтени деривати на 28.5.2024 година (вторник) со почеток во 15,00 часот закажа Собрание на акционери, кое ќе се одржи во деловната зграда на Друштвото. Макпетрол АД Скопје одобри плаќање на дивиденда во висина од 374.232.800 денари бруто, односно 3.700 денари бруто за една акција. Последен ден на тргување со право на исплата на дивиденда се утврдува 14.6.2024 година. Исплатата на ...

Цементарница Усје АД Скопје ќе дели дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Станува збор за предлог-одлука, а според истата, вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите изнесува 1.361.538.355 денари или 2.415 денари за акција. -Добивката остварена за 2023 година да се распредели за дивиденда на акционерите во износ oд 1.098.327.991 денари и реинвестирана добивка во износ од 411.163.964 денари. Реинвестираната добивка ...