Пожарот во близина на хотелот „Њу Стар“ повторно се активира, откако огнот се пренесе од дивата депонија во скопската населба Шуто Оризари – Визбегово. Пожарот бргу се прошири и стигна до првите куќи во населбата. Запалена е сува трева и деградирана ниска вегетација на неколку локации околу хотелот. На терен се распоредени противпожарни тимови од Град Скопје со 3 возила и со неколку пожарникари, а дополнително е побарана поддршка со нови сили за ...
Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, но на терен се останати 2 екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје да дежураат. Тие денеска интервенирале со 7 возила и со 20 пожарникари. Од пожарот, како што информира Центарот за управување со кризи, зафатена била површина од 5.000 метри квадратни, жито и еден магацин со градежни материјали, како и дворот од хотелот. „Денеска, при повторно разгорување, пожарот се ...