Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со phishing (фишинг) напади, кои имаат за цел да ги измамат граѓаните и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци. „Фишинг – нападите најчесто се изведуваат преку лажни електронски пораки, веб-страници или пораки на социјалните мрежи, кои изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како што ...
Граѓаните да не отвораат линкови или прилози од сомнителни е-пораки, да се проверува адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да не се внесуваат лични податоци (кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички) на сомнителни веб-страници, да се користи двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на сметките, апелира МВР. Секторот за компјутерски криминал при МВР презема мерки за ...