ФБ објава на заменик градоначалникот Перчо Божиновски. Истата ја пренесуваме во целост: -Во рамките на ,,Прличеви беседи” на свеченоста за доделување на наградата за најдобра поема имав чест да се обратам како заменик-градоначалник на Охрид пред следбениците и поддржувачите на делото на Прличев, ценетите вљубеници на убавиот збор. И по многу изминати столетија од смртта на великанот Григор Прличев македонските и светски творци на поезијата ...

Охрид, 5. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од настаните за чествување на ликот и делото на ловороносецот Григор Прличев, вечерва во Центарот за култура во Охрид кој го носи неговото име се одржа свеченост посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“, поетот Славе Ѓорго Димоски. На свеченоста беше претставена наградената поема „Денес”, а се одржа и артистичка изведба на поемата, како и врачување на Повелбата за најдобра поема за 2023 ...