Јапонската корпорација Panasonic Holdings објави дека планира да го намали бројот на вработени ширум светот за 10.000 лица до крајот на фискалната 2025/2026 година. Оваа мерка, како што појасни компанијата, ќе се спроведе поради идентификувани вишоци во одделенијата за човечки ресурси, сметководство и други административни сектори. Намалувањето ќе биде дел од пошироката стратегија за оптимизација на трошоците и преструктуирање. Дополнително, ...
Отпуштањата ќе опфатат 5.000 вработени во Јапонија и 5.000 вработени во странство. Генералниот директор на Panasonic Holdings Група, Јуки Кусуми, изјави дека ова е тешка одлука за компанијата и дека тој е одговорен за неа. Тој ветил дека ќе го намали својот годишен бонус за 40%. Јапонските медиуми пренесоа дека отпуштањата ќе се реализираат во текот на оваа фискална година, која започна во април. До март 2024 година, компанијата имала 228.000 ...