Искусниот македонски стратег, Ѓоре Јовановски е назначен за нов предводник на второлигашот Вардарски. Вардарски има катастрофален почеток на новата сезона и со само два освоени бода е на последната позиција на табелата по осум одиграни кола. Јовановски ќе има задача да ја разбуди екипата, поточно главната цел ќе биде да се обезбеди опстанок во оваа конкуренција. Ѓоре долго време е на фудбалската сцена, има водено многу клубови како дома така и ...

После поразот од Беласица, екипата на Вардарски од Богданци остана без тренер. Доскорашниот Васе Беќаров си поднесе оставка после тој неуспех, а тоа значеше дека екипата ќе има нов тренер. На местото шеф на стручен штаб е поставен искусниот Ѓоре Јовановски. Јовановски во минатото работеше во многу прволигашки клубови, беше кратко и селектор на националниот тим. Последен ангажман на Јовановски во македонскиот шампионат, му беше во 2022 година ...