На прес конференција на СДСМ, која што ја одржа Фатон Бејта од партиската Комисија за надворешни работи, е истакнато дека после една година од изборите и речиси цела година од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ заклучокот за меѓународната политика и дипломатијата е поразителен и дека ниту едно предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ не е исполнето. Обраќањето на Бејта го пренесуваме во целост: Ветуваа променета и подобра преговарачка рамка за членство ...

Доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на „Сител“. – Владата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно. Владата работи посветено на реформи. Јас тоа го кажав и пред неколку недели, дека доколку господинот Таравари одлучи да работи со ДУИ, тогаш не може да ...