Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој на Украинците во сите делови на земјата им се дозволува да добијат руско државјанство. Указот потпишан денеска предвидува дека сите украински граѓани и лица без државјанство кои живеат во Украина можат да добијат руски пасоши преку истата поедноставена процедура што беше воведена во 2019 година. Постапката им овозможи на жителите на делови од украинските региони Доњецк и Луганск, ...

Украинската дипломатија денеска го осуди указот на рускиот претседател Владимир Путин, со кој се олеснува пристапот до руско државјанство за сите Украинци, оценувајќи дека тоа е „ново навлегување врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. -Министерството за надворешни работи најостро го осудува указот на претседателот на Русија“, се наведува во соопштението и се додава дека указот претставува „натамошно нарушување на ...