Според медиумите, напаѓачот избодел и неколку луѓе со нож. Безбедносните сили го „неутрализирале“ напаѓачот, објави израелската војска. „Се случи надвор од нашата граница“, додаде портпарол на јорданската безбедносна служба. Во септември 2024 година, на истиот премин, возач од Јордан пукаше во израелските стражари и уби тројца. Тој премин во долината на реката Јордан е единственото место каде што Палестинците од Западниот Брег можат да поминат ...

Ниту една група веднаш не ја презеде одговорноста за „терористичкиот напад“, како што го опиша Израел. Нападот се случил на единствениот влез што го користат Палестинците за да влезат во Јордан од Западниот Брег, област под израелска окупација, објави Би-Би-Си. „Возачот обвинет за операцијата е Абдул Муталиб ал-Каиси, роден во 1968 година. Тој е цивил кој почнал да работи како доставувач на помош во Газа пред три месеци“, објави јорданското ...