Најголемо количество дожд до 17 часот денеска е забележано во Пожаране и Ѓуриште, каде што наврнале 24 литри на метар квадратен, додека најмалку, само три литри на единица површина, паднале во Берово. Најниска температура е регистрирана на Попова Шапка, во Маврови Анови и Лазарополе, каде се измерени еден степен целзиусов, додека највисоки 12 степени се забележани во Струмица. Во 17:30 часот, измерени се 3 степени во Крушево, 7 во Скопје – ...
Во текот на изминатите 24 часа, најголемо количество дожд, односно 3 литри на метар квадратен, е забележано во Ѓуриште. По 1 литар на метар квадратен е регистриран во Скопје-Петровец, Виница и Демир Капија. Најголема снежна покривка, со дебелина од 10 сантиметри, има на Попова Шапка, додека во Маврови Анови се измерени 5 сантиметри, а во Ѓуриште 1 сантиметар. Утринава, најниска температура е забележана на Попова Шапка, каде се измерени -4 ...

