Високиот американски дипломат Марко Рубио за Би-би-си, изјави дека САД се „загрижени“ од хуманитарната ситуација во Газа. Неговите коментари дојдоа откако најмалку 114 Палестинци беа убиени во израелските воздушни напади во четврток, соопштија здравствените службеници. На прашањето од Би-Би-Си дали администрацијата на Трамп целосно останува зад природата на воената акција на Израел со оглед на обемот на неодамнешните израелски напади и ...
- САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март, наведе Рубио. Тој го повтори ставот на администрацијата на САД дека милитантите од Хамас се виновни за ситуацијата во палестинската енклава. - Мислиме дека со елиминација на Хамас ќе се постигне мир. Вознемирени сме поради хуманитарната ситуација, посочи Рубио. Рубио се осврна и на Хуманитарната фондација за ...