Со транспаренти во рацете на кои пишуваше „Да ги задржиме добрите луѓе на места каде што позитивно влијаат“, „Орцаши против неправда“, „Ние не сме ничии марионети“, средношколците од гимназијата „Орце Николов“, денеска пред бараките на Град Скопје протестираа против разрешувањето на директорот Митко Димовски. Изреволтирани поради нетранспарентното разрешување на директорот тие извикуваа „Ова е неправда!“, „Нема Митко, нема мир!“, ...
Десетици ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ денеска се собраа на протест пред бараките на Град Скопје, против одлуката на градските власти да биде разрешен директорот на училиштето, Митко Димовски, чиј мандат регуларно требаше да истече во 2026 година, јавува „Мета“. Препорачано „Ова е неправда!“, „Нема Митко – нема мир!“, „Транспарентност!“, извикуваа учениците, откако го поднесоа официјалното барање до Град Скопје за повлекување на ...