Уште еднаш раководството на Фудбалската федерација на Македонија организираше на најдобар можен начин вистински спектакл на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, каде нашата А-репрезентација одигра 1:1 во квалификациски меч за пласман на СП 2026 против Казахстан. Околу 25.000 гледачи несебично ја дадоа својата поддршка за избраниците на селекторот Благоја Милевски. А ФФМ знае и тоа како да го респектира, па затоа преку социјалните мрежи им се ...
Пелистер го запиша четвртиот пораз во низа во Лигата на шампиони откако беше совладан од фаворитот Барселона со 30-34. Актуелниот македонски првак и каталонскиот гигант за првпат во својата историја ги одмерија силите, и тоа во Битола. Ракометарите на Пелистер имаа одлична атмосфера, и овој пат салата „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последното место. Еден од најдобрите поединци во редовите на Пелистер беше Никола Митревски, кој запиша 12 ...

