Студенти од Универзитетот во Нови Сад најавија дека в среда тргнуваат на велосипедско патување до Стразбур, со цел да го привлечат вниманието на меѓународната јавност за недоволната реакција на српските институции на бројни немили настани што се случиле во земјата од 1 ноември минатата година до денес. Како што јавува дописникот на МИА од Белград, студентите планираат патувањето да трае 12 дена, со рута која ги вклучува најголемите ...
Осумдесет студенти и членови на академска заедница во Србија тргнуваат утре од кампусот на Универзитетот во Нови Сад до седиштето на Советот на Европа во Стразбур, во обид да го свртат вниманието на европските претставници на студентските барања и актуелната ситуација во државата, јави дописникот на МИА од Белград. Најголем дел од нив се студенти, а меѓу 80-те велосипедисти има од четири универзитети во Србија – Нови Сад, Белград, Ниш и ...