Утре, од 7:00 часот, корисниците од објектите МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ТЦ „Мавровка“, дел од скопската чаршија, Саат-кула, ул. „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од бул. „Крсте Мисирков“ ќе останат без вода. Според известувањето од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на ...

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информира дека денеска поради дефект на водоводна цевка со дијаметар од 150 милиметри на улицата „16-та Македонска Бригада“, во близина на Ветеринарната болница, ќе има прекин на водоснабдувањето во дел од градот. Без вода ќе останат корисниците на улиците: Ташко Караџа, Јани Лукровски, Трифун Хаџијанев, дел од улиците Бапчор и Христо Ботев, како и високата зона Автокоманда. Од претпријатието соопштуваат дека ...