Собранието вечерва, 29 април, ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 пратеници гласаа „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што ја поднесе Левица, ја поддржаа СДСМ и ДУИ. Базирана е на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Расправата ја одбележаа ...
За втор пат во неговиот мандат, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се брани пред пратениците во дебатата за интерпелацијата против него. Иницијативата на Левица се базира главно на постапките кои доведоа до трагедијата во Кочани и управувањето на полицијата со истрагата по трагедијата. Левицa го обвини Тошковски за селективна истрага, пропусти во функционирањето на дискотеката “Пулс”, за користење наркотични супстанции и ...