Законот за заштита на потрошувачите, предложен од парламентарното мнозинство, влегува во натамошна собраниска процедура, најави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, на денешната прес-конференција. Според него, овој закон ќе обезбеди поголема транспарентност на цените во маркетите и ќе овозможи потрошувачите полесно да ги споредуваат производите. – Во насока на заштита на стандардот на граѓаните, предложените мерки се движат во два ...

Со новиот закон, сите трговци, без разлика на големината, ќе имаат законска обврска да ги објавуваат цените на своите производи на интернет. Ова ќе се врши секојдневно, со ажурирање на тековните продажни цени, што ќе овозможи поголема транспарентност и полесно споредување на цените од страна на потрошувачите. Сепак граѓаните со кои разговараше редакцијата на Рацин.мк се сомневаат дека ова ќе им ја зголеми куповната моќ. – Не верувам дека на тој ...