Трансферната политика на Баерн Минхен ова лето станува сè поизненадувачка. Германскиот гигант интензивно бара засилување за левата крилна позиција, но досегашните обиди за ангажман на Нико Вилијамс и Бредли Баркола беа неуспешни. Сега фокусот е насочен кон Луис Дијас од Ливерпул, но и таа зделка изгледа компликувана и тешко остварлива. Поради тоа, Баварците веќе разгледуваат алтернативна опција, Леандро Тросар од Арсенал, објави реномираниот ...
Баерн Минхен не се откажува од намерата да го доведе крилниот фудбалер на Ливерпул, Луис Дијас, и подготвува нова понуда. Црвените веќе одбија две понуди од баварскиот гигант, последната во висина од 67,5 милиони евра. Според германскиот „Билд“, 28-годишниот Колумбиец веќе остварил видео-разговор со тренерот на Баерн, Венсан Компани, и изразил јасна желба да се пресели на „Алијанц арената“. Тој веќе го информирал Ливерпул за својата одлука, а ...