Според најновите проценки на Трансфермаркт, специјализираниот сајт за вредноста на играчите и клубовите, Роџерс Мато е најскапиот играч во ПМФЛ во моментов, или фудбалер со најголема вредност. Сега репрезентативецот на Уганда и напаѓач на Вардар вреди 700.000 евра или неговата цена пораснала за 200.000 евра од последната објава на Трансфермаркт. Интересно, цената на Клисман Цаке, и покрај успесите на Шкендија, не пораснала ни евро, па така тој ...
Кога имаш успеси во Европа, тогаш јасно е дека вредноста на твојот тим и тоа како расте, барем според Трансфермаркт, специјализираниот сајт за вредност на клубови и играчи. Па така и натаму Шкендија го има убедливо најскапиот тим во ПМФЛ, сега таа вредност изнесува 7.830.000 евра или 10.2% повеќе од последната објава на Трансфермаркт. Полека, но сигурно вредноста на Шкендија се наближува до 8 милиони. Вардар е на второ место со 4.950.000 евра ...

